За верните обожаватели, компанијата го најави „Motorola Edge“ (2021), кој ќе се продава од 23-ти август, а ќе чини 699 долари.
Дизајнот на „Motorola Edge“ (2021) е многу сличен со оној на „Edge 20“. Разликата помеѓу двата модели е поголемата „брада“ под екранот. Селфи „punch -hole“ камерата се наоѓа на горниот дел од екранот, а смартфонот е достапен само во една боја – темно сина.

Телефонот ќе има 6,8-инчен „FullHD +“ екран од 144,8 Hz, селфи камера од 32 мегапиксели, процесор Snapdragon 778G, 6/8 GB RAM и 128/256 GB простор за складирање. Моделот користи „Android 11“ со софтверската платформа „Motorola Ready For“ за, како што велат тие, удобна интеракција со компјутерот.
Главната камера се состои од три сензори: 108 MP (f / 1.9) + 8 MP (ултра широк агол, f / 2.2) + 2MP (сензор за длабочина, f / 2.4). Капацитетот батеријата на „Motorola Edge“ (2021) е 5.000mAh и нуди 30W технологија за брзо полнење. Димензиите на уредот се 169х76х8,85 mm, а тежината е 200 грама.