Денеска, во Охрид, под мотото „Заедно за иднината на езерото“, во организација на Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Сава осигурување а.д. Скопје во соработка со Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, Едриличарска Федерација на Македонија и Агенција за млади и спорт на Р.С. Македонија се одржа Критериска Регата.

На Регатата земаа учество две екипи кои се натпреваруваа во три категории. Настанот имаше натпреварувачки карактер и беа постигнаа следниве резултати:
- Класа Оптимист девојчиња до 12 години: Андреа Кавај – Прво место, Анастасија Лазеска – Второ место и Мила Булатовиќ – Трето место;
- Класа Оптимист момчиња до 12 години: Берк Љушо – Прво место, Марко Милески – Второ место и Стефан Бараковски – Трето место;
- Класа Оптимист девојчиња: Андреа Кавај – Прво место, Јана Чулаковска – Второ место и Анастасија Лазеска – Трето место
- Класа Оптимист генерален пласман: Андреа Кавај – Прво место, Берк Љушо – Второ место и Мерт Љушо – Терто место;
- Класа Ласер 4.7: Софија Ставрева – Прво место, Јана Неданоска – Второ место и Илина Гаџовска – Трето место
- Класа двосед 470: Наум Стојановски и Миа Љушевска – Прво место, Дамјан Пашоски и Славчо Мургоски – Второ место и Андреа Танасоска и Стефанија Карадимче – Третоместо

„Ова е само еден од низата на настани кои Сава Осигурителна Групација ги организира со цел да креираме услови за развој на едриличарството и да ја всадиме љубовта кон овој спорт кај најмладите. Заедно со Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид и Едриличарската Федерација и во иднина ќе го негуваме и промовираме овој спорт и сите спортови кои го штитат, но и афирмираат Охридското езеро како врвна дестинација за авантуристички и спортски туризам. Заедно за заштита на Охридското езеро! – изјави г. Коста Ивановски, член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

На настанот беше присутен и Претседателот на Едриличарска Федерација на Македонија г. Будимир Соколовиќ кој по повод Регатата ги сподели своите впечатоци: „Навистина сум горд што ова лето почитувајќи ги сите мерки успеавме да организираме неколку Критериски Регати со нашата најбројна и најмлада екипа Оптимист. Денес во оваа категорија ќе се натпреваруваат 18 дечиња од двата клуба „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга. Се грижиме и секојдневно работиме да го зачуваме и заштитиме Охридското езеро и да имаме помалку пловни објекти кои го загадуваат“.

Сава Осигурителна Групација како општествено одговорна компанија и во иднина ќе продолжи да биде дел од проекти кои го афирмираат спортот и се во насока на заштита на природните ресурси бидејќи едриличарството е спортска дисциплина која не ги загадува водите. Нивните заложби и напори се да ги заштитиме водите од испуштање на загадувачки материи, а со тоа и да го сочуваме водниот жив свет од изумирање, да ги одржуваме чисти и незагадени водните корита. Ова се активности кои се преземаат од страна на сите членки на Сава Осигурителната Групација присутни во државите во регионот на Југо-источна Европа.