29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААстероид поголем од Бурџ Калифа утре ќе помине во близина на Земјата

Астероид поголем од Бурџ Калифа утре ќе помине во близина на Земјата

Астероидот, кој патува со брзина од 94.000 километри на час и е широк 1,4 километри, утре ќе помине покрај Земјата, а НАСА го класифицираше како „потенцијално опасен“.

Астероидот наречен „2016 АЈ193“ ќе се приближи до Земјата во 17.10 часот по средноевропско време, а астрономите на НАСА ќе го набудуваат во периодот од 20 до 24 август со помош на радар, пренесува порталот „Firstpost“.

Станува збор за астероид со средна големина и ќе помине покрај Земјата на растојание од 3,4 милиони километри, што е, астрономски гледано, доста близу, поради што НАСА го карактеризира како „потенцијално опасен“.

За поживописен поглед, овој астероид е 1,5 пати поголем од Бурџ Калифа, повеќе од три пати поголем од Емпаер Стејт Билдинг и повеќе од 4,5 пати поголем од Ајфеловата кула.

Астероидите, според овој портал, отсекогаш биле причина за загриженост за астрономите ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП