Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 107.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25.1 %), Уметност, забава и рекреација (20.5 %) и Информации и комуникации (14.1 %).

