2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден за кризата во Авганистан: Мислам дека не беше неуспех

Бајден за кризата во Авганистан: Мислам дека не беше неуспех

Во настап на телевизиско интервју американскиот претседател го бранеше повлекувањето на американските војници од Авганистан и притоа кажа дека не мисли дека кризата во Авганистан е неуспех и дека не постел начин да се направи подобро.

Во интервјуто, како што пренесуваат медиумите, Бајден беше запрашан дали грешка во разузнавањето, планирањето, извршувањето или проценката доведе до сегашната ситуација во Авганистан.

„Мислам дека тоа не беше неуспех“, одговори тој.

“Кога ја имавте владата на Авганистан, лидерот на таа влада се качи во авион, полета и отиде во друга земја. Кога го видовте значителниот колапс на авганистанските војници што ги трениравме, се случи. Тоа само се случи”, кажа Бајден.

На прашањето дали мисли дека повлекувањето можело подобро да се реши, Бајден одговори: „Не“.

Претседателот одговори дека смета дека хаосот во земјата бил неизбежен по заминувањето на американските војници, иако се ветуваше сигурно и уредно повлекување со месеци.

“Една од работите што не ја знаевме беше што ќе направат Талибанците, во смисла да се обидат да ги спречат луѓето да излегуваат. Што прават сега? Тие соработуваат, пуштаат американски државјани надвор, излегува американски персонал, лица од амбасади и слично “, рече Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП