28 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовите телефони на „Google“ пристигнуваат без полнач

Новите телефони на „Google“ пристигнуваат без полнач

„Google“ ќе претстави нови модели на паметни телефони во септември, но ќе има и лоши вести за корисниците, бидејќи „Pixel 6“ и „Pixel 6 Pro“ ќе пристигнат без полнач во пакетот.

Компанијата го објави новиот модел „Pixel 5a 5G“ во средата, а исто така обезбеди и информации за моделите „Pixel 6“ што ќе ги претстави наскоро.

По примерот на „Apple“ и „Samsung“, „Google“ нема да обезбеди полначи со телефоните.

Новиот „Pixel 5a 5G“ е најновиот модел на телефон на „Google“ кој ќе има полнач во пакетот, а тој ќе биде и последниот од понудата на компанијата.

Отсега, „Google“ повеќе нема да дава полнач со телефони, бидејќи повеќето луѓе веќе поседуваат USB-C полнач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП