До крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул, со организирани летови се очекува да пристигнат најголем дел од 450 граѓани од Авганистан, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.
Тој нагласи дека станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и мировни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка за НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

