27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСоздадоа екран на допир од вода

Создадоа екран на допир од вода

kada

Може ли водата од кадата да се претвори во екран на допир за вашиот паметен телефон?

Лабораторија „Koike Laboratory“ на Токискиот универзитет создаде технологија наречена „систем за проекција „Display AquaTop““.

kada1

За оваа технологија се користи камерата „Kinect“, проектор и водоотпорни звучници, како и посебен код кој програмерите го пишуваа во текот на шест месеци.

Системот работи на следниов начин: во када полна со специјална сол, се додава во водата, обоена во бело за подобра прегледност, а „Kinect“ и проекторот се поврзани со компјутер. Проекторот ја пренесува во водата сликата, а инфрацрвена камера го следи движењето на прстот по водата, претворајќи ја во екран на допир.

kada2

На водниот екран може да се види слики и видео, да се играат игри или едноставно да се создадат специјални ефекти за када. И покрај тоа што проектот не е наменет за комерцијални цели, тој целосно демонстрира потенцијалот на иновативен кориснички интерфејс.

Како изгледа сето тоа, погледнете во видеото:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП