Најмалку 76 вработени од сегашните вработени во „Revolut“ кои поседуваат акции во компанијата имаат најмалку 1 милион долари, се наведува во анализата на „Sifted“.
Има најмалку десетина од нив со најмалку 10 милиони долари или повеќе на својата сметка.
Меѓу нив има долгогодишни вработени, како и поранешни директори на компанијата, кои си заминаа претходните години.
Британската финтех компанија „Revolut“ веќе е проценета на 33 милијарди долари по последниот круг на приватно финансирање, во кое собра 800 милиони долари.
Само во последните 18 месеци, рејтингот на „Revolut“ се зголеми за шест пати, што е доволно за уште 50 вработени да станат милионери.
Компанијата во моментов е втор по големина финансиски „еднорог“ (стартап со вредност од над 1 милијарда долари) во Европа по шведската „Klarna“.