20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЦаровска: Учениците од септември се враќаат во училиштата, исклучоци ќе постојат

Царовска: Учениците од септември се враќаат во училиштата, исклучоци ќе постојат

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека протоколите нема да дозволат ширење на коронавирусот низ училиштата, од каде од септември учениците ќе треба да следат настава. Министерката се повикува и на искуствата од минатата година, кога немало локална трансмисија во училиштата. Исклучоци ќе има, а тие ќе бидат за децата кои имаат хронични болести или имаат лице во семејството кое има хронична болест.

„Искуството кое го имаме од минатата година, а согласно протоколите за годинава, укажуваат дека епидемиолошката служба утврдува дали ќе одат само неколку ученици, дали самиот ученик. Минатата година немаше интерна трансмисија во ниту едно училиште. Токму затоа годинава Кризниот штаб ја донесе одлуката. Владата очекувам денеска да ја потврди истата. Има исклучоци кога има ученици со хронични болести, но и ако во семејството имаат некој со хронични болести. И децата кои ќе бидат во изолација ќе можат да следат онлајн настава. Има три сценарија, кои можат да се менуваат, зависно од тоа што е потребно во моментот. Нема подобра настава од таа со физичко присуство“, рече Царовска.

Посочи и дека 62% од наставниот кадар е вакциниран, а очекува до септември процентот да се зголеми. Децата ќе мора да следат протоколи за време на наставата, што значи и носење маски за време на часовите.

„Минатата година од прво до трето одделение носеа маски во училница. Имаа по 5-минутно излегување и тогаш веројатно се ослободуваат од неа, па влегуваат внатре. Минатата година покажа дека се навикнуваат на тоа, со цел да се заштити нивното здравје, но и во континуитет да се одвива образовниот систем“, додаде Царовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП