20 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Faurecia“ купува 60% од германскиот снабдувач „Hellа“ за скоро 7 милијарди евра

„Faurecia“ купува 60% од германскиот снабдувач „Hellа“ за скоро 7 милијарди евра

Францускиот производител на автомобилски делови „Faurecia SЕ“ се согласи да ја купи „Hella GmbH“ во договор со кој германската компанија е проценета на 6,8 милијарди евра, победувајќи ги конкурентските понуди.

„Faurecia“ ќе купи 60% од компанијата основана од семејството Хуек преку мешавина од акции и готовина.

Семејството Хуек ќе поседува дури 9% од новата компанија. „Faurecia“ успеа да ја победи конкуренцијата со наддавање пред германскиот производител на автомобилски делови „Mahle GmbH“ и францускиот „Cie Plastic Omnium SA“.

Минатиот месец, „Knorr-Bremse AG“ нагло се откажа од идејата да ја купи „Hella“ откако инвеститорите реагираа негативно на нејзините планови.

Договорот, еден од најголемите во европската индустрија за автомобилски делови во последните години, ќе создаде компанија со годишни приходи од продажба од околу 23 милијарди евра – при што „Faurecia“ предвидува дека таа бројка ќе надмине 33 милијарди евра во 2025-та година и ќе има околу 150.000 вработени.

„Faurecia“ посочува дека аквизицијата ќе го формира седмиот најголем снабдувач на автомобилски делови во светот и ќе го стави во подобра позиција да продава производи за електрична мобилност.

„Заедно, ќе имаме витална предност да ги искористиме стратешките мотори што ја трансформираат автомобилската индустрија“, рече Патрик Колер, извршен директор на „Faurecia“.

Производителите на автомобили страдаат од глобалниот недостаток на полупроводници и прекините во синџирот на снабдување за време на пандемијата, што кај „Hella“ најверојатно ќе го продолжи и во оваа финансиска година.

И покрај недостатокот, „Faurecia“ неодамна рече дека очекува глобалното производство на автомобили да закрепне во наредните години и да се врати на нивоата пред пандемијата со Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП