22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНајекстремниот „Bugatti“ оди во сериско производство (ФОТО/ВИДЕО)

Најекстремниот „Bugatti“ оди во сериско производство (ФОТО/ВИДЕО)

Во 2020-та година, „Bugatti“ го претстави својот најекстремен модел – „Bolide“, а сега компанијата објави дека ќе започне со сериско производство. Машината е наменета само за на патека, а нејзините креатори тврдат дека може да развие брзина од 500 km/h.

Моделот „Bolide“ има нова технологија за внесување воздух, што значително го намалува подигнувањето и го подобрува протокот. Благодарение на него, автомобилот генерира ист напон како и болидите во Формула 1.

Првично, машината беше развиена како експериментален инженерски проект, но на крајот „Bugatti“ одлучи да лансира сериска верзија. Се заснова на платформата „Chiron“, а тежината на „Bolide“ е намалена на 1.440 kg (во прототипот прикажан во 2020-та година, беше уште помалку – 1.240 kg).

Познатиот 8.0-литарски W16 мотор со 4 турбини развива 1600 ks и 1600 Nm, но кога се користи 110-октанско гориво за тркање максималната моќност скока до 1850 ks и 1850 Nm.

Купувачите на „Bugatti Bolide“ добиваат појаси од 6 точки, систем „HANS“ (исто како и за болидите во Формула 1) за заштита на главата и вратот и автоматски систем за гасење пожар. Моделот ќе се произведува во 40 примероци, од кои секоја ќе чини минимум 4 милиони евра, а сопствениците ќе земат специјален курс за возење на патека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП