19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОткриени главните карактеристики на „Galaxy S22“

Откриени главните карактеристики на „Galaxy S22“

Познатиот информатор „Ice Universe“ објави детали за некои од главните карактеристики на претстојните телефони од серијата „Samsung Galaxy S22“. Се сугерира дека целокупниот дизајн на уредот ќе претставува одредена еволуција во споредба со изгледот на актуелната серија „Galaxy S21“.

Кога станува збор за дисплејот, се очекува „Samsung“ да го претстави „Galaxy S22“ со екран од 6,01 инчи, „S22 +“ со екран од 6,55 инчи, додека моделот „S22 Ultra“ ќе добие дијагонала на екранот од 6,81 инчи. Сите модели ќе бидат украсени со панели со стапка на освежување од 120Hz. Моделот „Ultra“ ќе биде достапен само со QHD + резолуција и „LTPO“ екран што ќе овозможи динамично освежување, што пак ќе понуди подобрено управување со животниот век на батеријата.

Кога станува збор за камерата, „Galaxy S22“ и „S22 +“ ќе имаат ист главен сензор од 50MP 1 / 1.55 инчи, заедно со телефото со 12MP со оптички зум 3x и ултра-широка камера од 12MP. „S22 Ultra“, од друга страна, ќе користи главна камера од 108MP, со три дополнителни сензори од 12MP – телефото со 3 пати оптички зум, перископ со 10x оптички зум и ултра -широк сензор.

Капацитетите на батеријата кај моделите „S22“ и „S22 +“ ќе бидат помали од оние на моделите „S21“ и ќе бидат 3.800mAh и 4.000mAh, додека „Galaxy S22 Ultra“ ќе го задржи капацитет на батерија од 5.000mAh. Брзините на полнење на овие батерии не се споменати во овој извештај.

Конечно, дојавувачот „@FrontTron“ сугерира дека „Samsung“ ќе имплементира „Snapdragon 898“ чипови во уредите „Galaxy S22“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП