19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАФилипче: За влез во државата ПЦР-тест, доказ за вакцина или прележан ковид

Филипче: За влез во државата ПЦР-тест, доказ за вакцина или прележан ковид

Министерот за здравство Венко Филипче утре ќе бара од Владата да се регулира влезот и излезот од Македонија поради ширењето на коронавирусот. Мерки за Тетово засега нема, а Комисијата за заразни болести разговарала да се намали работното време на објектите и намалување на капацитетите во автобусите. Но засега, овие мерки нема да се имплементираат.

„За влез и за излез од Македонија за сите граѓани, без разлика дали се наши државјани или странци, да се бара негативен ПЦР тест, доказ за примена вакцина или доказ дека ја прележале болеста. Утре ќе знаеме дали и како би се имплементира оваа мерка“, рече Филипче.

Прашан зошто не се дозволува влез во објекти со ПЦР тест, тој кажа дека акцентот е на вакцинацијата.

„Суштината е да се стави акцентот на имунизацијата и вакцинацијата. Нема логика некој да прави ПЦР тест или да се изложува на трошок и да присуствува во некој објект. Суштината е да се подигне колективниот имунитет“, рече Филипче.

Засега не се размислува на полциски час. Одиме со овие мерки и ја пратиме ситуацијата каде има поголем број на случаи, додаде Филипче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП