Германскиот производител „BMW“ официјално го претстави ажурираниот „iX3“. Премиерата на електричниот кросовер пред публика ќе се одржи на саемот во Минхен во почетокот на септември.
Ажурираниот модел добива поголема решетка на ладилникот во форма на бубрег, која има целосна рамка и е опкружена со потенки „LED“ фарови. Ласерските светла ќе бидат по избор, а пакетот „M Sport“ сега е стандарден. Се одликува со поагресивен изглед, спортски заден дифузер и тродимензионални задни светла. Според информациите тркала ќе бидат до 19 или 20 инчи.
Има повеќе промени во кабината, бидејќи возачот сега има 12,3-инчна дигитална табла со инструменти и поголем 12,3 или 12,5-инчен екран на инфозабавниот систем. Ним им се придружува ажурираната централна конзола и нова показател на брзината. Кожата е исто така нова, како и стандардните спортски седишта обвиткани со перфориран тапацир на „Sensatec“.

Во предниот дел на ажурираниот „iX3“ се наоѓа батерија со капацитет од 80 kW/h, која го напојува моторот поставен на задниот дел со моќност од 286 ks и 400 Nm. Ова овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 6,8 секунди и максимална брзина од 180 km/h. Километражата која може да ја помине ова возило е 460 километри, измерена на тестот „WLTP“.
Кога батеријата е испразнета, сопствениците можат да ги искористат предностите на системот за брзо полнење од 150 kW. Тоа овозможува возење на 100 километри за десетминутно полнење. Кога се користи системот „BMW Wallbox“ со моќност од 11 kW, батеријата е целосно наполнета за 7,5 часа.

Производството на ажурираниот „BMW iX3“ ќе започне во септември во фабриките на компанијата во Кина. Во Европа, продажбата започнува наесен, а цените започнуваат од 67.300 евра. Ќе бидат достапни две нивоа на опрема, вклучувајќи „Inspiring“, со металик боја, панорамски стаклен покрив и автоматска задна врата. Опремата вклучува и адаптивна суспензија, електрични седишта, спортски волан и клима со три зони.
За оние кои бараат повеќе луксуз, достапна е верзијата „Impressive“, која додава специјално акустично стакло, тркала од 20 инчи, „head-up“ дисплеј, кожа „Vernasca“ и првокласен аудио систем „Harman Kardon“.