19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголеми бонуси за банкарите на Волстрит во последната деценија

Најголеми бонуси за банкарите на Волстрит во последната деценија

Повеќето брокери на Волстрит можат да очекуваат двоцифрено зголемување на бонусите оваа година, во споредба со 2020 година, додека банкарските инвеститори би можеле да добијат највисоки чекови врз основа на исплати за награда во последната деценија, се наведува во извештајот на консултантската фирма Johnson Associates Inc.

Минатата година, бонусите на Волстрит беа пропорционални со економскиот шок од блокадата предизвикана од вирусот „Ковид-19“, но годинешното враќање покажува дека финансиските директори сметаат дека нивниот бизнис е обновен откако пандемијата практично избриша 21.000 милијарди долари од пазарот помеѓу февруари и март минатата година, велат аналитичарите.

„Индустријата работи на ниво за кое минатата година мислевме дека е невозможно“, рече Алан Џонсон, чиј извештај будно го следат финансиските експерти, пренесе Ројтерс.

Инвестициските банкари ќе ги земат најголемите бонуси во последната деценија, благодарение на невиденото зголемување на бројот на склучени трансакции, проценува тој.

Банкарите кои вршат ризични инвестиции за клиентите може да уживаат во зголемување на бонусот од 20 до 35 проценти за 2021 година, додека банкарите ангажирани во консалтинг и продажба на капитал може да добијат зголемување од 20-25 проценти, вели Џонсон.

Менаџерите на средства, хеџ фондовите, како и менаџерите на приватниот капитал може да добијат зголемување од 10-15 проценти, додека трговците со фиксен приход и банкарите кои работат со население може да очекуваат исти бонуси како и минатата година.

Оваа анализа се базира на резултатите од вториот квартал од десет компании за управување со средства и осум големи инвестициски и комерцијални банки. Банките ќе започнат со исплата на годишни бонуси за вработените од јануари следната година.

Во последните месеци, големите банки ги зголемија платите за банкарските инвеститори, а особено за вработените кои работат само една или две години, за да го надоместат товарот што е исцрпувачки дури и според индустриските стандарди.

„Не се работи само за пари“, заклучува Алан Џонсон, „вработените едноставно работат премногу напорно“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП