14 јуни, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Redmi 10“ ќе има главна камера од 50 MP

„Redmi 10“ ќе има главна камера од 50 MP

Телефонот „Redmi 10“ започна да се продава во Сингапур, а веб -страницата „Corts“ ги објави спецификациите на уредот.

Телефонот ќе има четири камери на задната страна, со главен сензор од 50MP. Тука ќе биде и дизајнот што го видовме на моделот „Mi 10 Ultra“ – сребрени акценти околу главната камера.

„Redmi 10“ ќе работи со чипсет MediaTek Helio G88, и тоа е осум-јадрен процесор со две јадра Cortex-A75 @ 2.0GHz. Телефонот ќе се продава со 6 GB RAM и 128 GB меморија.

На предната страна е 6,5-инчен ЛЦД со FHD + резолуција и 90Hz стапка на освежување. Екранот има дупка со селфи камера од 8MP, додека сензорот за отпечатоци се наоѓа на страната на рамката.

Покрај главната камера од 50MP на задната страна, има и ултра-широк сензор од 8MP и две камери од 2MP (макро и портрет). Има и батерија од 5000mAh со поддршка за полнење од 18W, MIUI 12 базиран на Android 11 и приклучок од 3,5 mm.

„Redmi 10“ се продава за околу 185 долари, ќе биде достапен во сива, бела и сина боја, а датумот на достапност е непознат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП