24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќниот кабриолет на „McLaren“ во историјата чини над 400.000 евра (ФОТО/ВИДЕО)

Најмоќниот кабриолет на „McLaren“ во историјата чини над 400.000 евра (ФОТО/ВИДЕО)

Британскиот производител објави фотографии и технички детали за својот најмоќен кабриолет досега – „765LT Spider“.

За погонот беше избран познатиот 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор, кој испорачува 765 ks (562 kW) и 800 Nm максимален вртежен момент во овој автомобил.

Тоа е доволно за автомобилот да забрза од место до „стотка“ за само 2,8 секунди, додека до 200 километри на час се потребни вкупно 7,2 секунди.

Благодарение на напредната конструкција од карбонски влакна што веќе ја користеше „McLaren“ во купето „765LT“, како и титаниумскиот издувен систем кој е 40% полесен од челикот, „765LT Spider“ тежи само 49 килограми повеќе од купе верзијата.

Вкупната тежина на возилото е само 1.388 kg, што е за 80 kg помалку од „McLaren 720S Spider“.

На тој начин, „765LT Spider“ има најдобар сооднос моќност-тежина (598 ks/t) во својата класа.

Масовните заштеди се постигнуваат и благодарение на лесниот подвижен тврд покрив, кој исто така е изработен од карбонски влакна.

Покривот се спушта или крева електронски за само 11 секунди.

„McLaren“ објави дека ќе го продава „765LT Spider“ по почетна цена од 411.000 евра, а се планира ограничена серија од само 765 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП