28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi“ го презеде првото место во испораката на телефони во Европа

„Xiaomi“ го презеде првото место во испораката на телефони во Европа

Според најновото истражување на „Strategy Analytics“, „Xiaomi“ ги надмина сите други производители со 25% удел на пазарот, по силниот раст на испораките на паметни телефони во Европа.

„Xiaomi“ забележа раст од 14% во однос на претходната година, со испорачани 50 милиони единици. Заздравувањето на пазарот на паметни телефони беше доведено од постојано економско закрепнување, здрава побарувачка од потрошувачите кои до неодамна користеа постари уреди, како и атрактивни 5G уреди по прифатлива цена.

Од „Strategy Analytics“ велат дека европскиот пазар на паметни телефони имаше силен квартал поради закрепнување од Ковид-19 по есента 2020-та година. „Xiaomi“ се истакна со испорака на скоро 13 милиони телефони на континентот, заменувајќи го долгогодишниот лидер Samsung. „Xiaomi“ постигна голем успех во Русија, Украина, Шпанија и Италија.

Испораките на „Samsung“ се намалија за 7% на годишно ниво во Европа, што доведе до испорака на 12 милиони единици во вториот квартал од 2021-ва година. „Samsung“ работеше добро со новите „Galaxy A“ 5G модели, но се соочува со зголемена конкуренција од „Apple“ во премиум класата и кинеските производители во долниот сегмент.

„Apple“ имаше силен квартал, зголемен за 16 проценти во однос на претходната година и испорача скоро 10 милиони телефони во вториот квартал низ Европа. Серијата „iPhone 12“ продолжува да биде популарна кај лојалните клиенти на „Apple“ кои доцнат да ги заменат своите уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП