12 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАСАД може да бараат задолжителна вакцинација за влез во земјата

САД може да бараат задолжителна вакцинација за влез во земјата

Белата куќа во четвртокот потврди дека како дел од планот за отворање на границите за меѓународни патувања, може да побара од странските патници кои пристигнуваат во САД да се вакцинираат.

Координаторот за коронавирус во Белата куќа, Џеф Зиентс, потврди дека меѓуагенциската работна група работи на планови што ќе бараат некаква задолжителна вакцинација за странските патници.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, на посебна конференција рече дека не е сигурна дали САД ќе побараат задолжителна вакцинација.

Таа призна дека Соединетите држави имаат неконзистентна политика за влез во земјата, бидејќи е забрането за жителите на некои земји со мал број, а е дозволено за некои земји со голем број заразени.

Белата куќа одржала разговори со авиокомпании и други компании за тоа како да се имплементира задолжителна вакцинација.

Властите исто така мора да размислат какви докази за вакцинација ќе бидат прифатени и дали вакцините што се користат во некои држави кои не се одобрени во Соединетите држави ќе бидат признати.

САД во моментов го забрануваат влезот на повеќето не-американски државјани кои биле во последните 14 дена во Обединетото Кралство, 26 членки на Шенген-зоната, Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП