16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Brembo“ ги зголеми прогнозите за целата година по растот на профитот од...

„Brembo“ ги зголеми прогнозите за целата година по растот на профитот од 89%

Италијанскиот производител на системи за сопирање „Brembo“ ги зголеми прогнозите за целата година, откако објави зголемување од 89 проценти на оперативниот профит за првата половина на 2021-ва година, според презентацијата на компанијата објавена на нејзината веб-страница.

Во првите шест месеци од годината, добивката пред камати, даноци и амортизација изнесуваше 270,2 милиони, наспроти 143,3 милиони евра пред една година.

Приходите се зголемија за 43,1%, или 409,7 милиони евра, на 1,36 милијарди евра од 951,1 милијарди евра во претходната година.

Нето добивката се зголеми за 327,4% до 165,8 милиони евра во споредба со 24,7 милиони евра во првата половина на 2020-та година.

За вториот квартал приходите достигнаа 685,7 милиони евра, што е зголемување за 82,8% во споредба со пријавените 375,2 милиони евра пред една година. Оперативниот профит се зголеми за 226,1% на 134,6 милиони евра од 41,3 милиони евра во претходната година.

Меѓу клиентите на „Brembo“ се „Tesla“ и „Ferrari“, а компанијата опслужува и неколку тимови во Формула 1.

Раководство на компанијата очекува стабилно ниво на нарачки во наредните месеци, продолжувајќи да го следи влијанието на глобалниот недостаток на чипови.

„Brembo“ очекува годишниот приход да порасне помеѓу 20-25% и маржата за добивка да достигне околу 19,5%.

Приходите од продажба на компанијата се зголемија за 12% до 163,5 милиони евра во Италија. Во Германија тие достигнаа 256,3 милиони евра, што претставува раст од 18,8% на годишна основа. Во Северна Америка, приходите од продажба се зголемија за 23,2% до 315 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП