КОМПАНИИ

Хари Костов се стекна со 3.500 обични акции од Комерцијална банка АД Скопје

Во официјално соопштение преку Македонската берза, Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 3.500 обични акции издадени од банката.

Последна цена на акцијата на Комерцијална банка АД Скопје заклучно со вчерашниот ден изнесуваше 9.930 денари.