22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„BP“ е уште една компанија од „Big Oil“, која ја зголемува дивидендата

„BP“ е уште една компанија од „Big Oil“, која ја зголемува дивидендата

Британскиот енергетски концерн „BP Plc“ ги следеше своите конкуренти од „Big Oil Group“, која ги вклучува најголемите светски производители на нафта, зголемувајќи ги дивидендите и откуп на акции, откако повисоките цени на нафтата и помогнаа на компанијата да пријави раст на профитот.

Нафтени компании – со забележителен исклучок на американскиот гигант „Exxon Mobil Corp.“ – пријавија зголемување на приносите додека растат и нивната доверба дека најлошото од коронавирусот е веќе зад нив.

Нивната цел е да привлечат повеќе инвеститори, но стануваат сѐ повнимателни за иднината на фосилните горива во контекст на глобалното затоплување и транзицијата кон почиста енергија.

„ВР“ известува за уште еден квартал од силни резултати бидејќи инвестира во иднина на дисциплиниран начин, рече извршниот директор Бернард Луни.

Компанијата ја зголеми дивидендата за обични акции за 4 проценти и започна со откуп на акции. И двете ветувања се импресивни, потврдувајќи ја политиката наметната на почетокот на годината.

Силните податоци го одразуваат влијанието на повисоките цени на нафтата и енергијата воопшто, но исто така ги нагласуваат построгите барања на акционерите, кои во првите месеци од годината го изразија своето незадоволство од перформансите на „ВР“.

„Ако цената на нафтата продолжи да се движи околу 60 долари за барел, компанијата очекува да ја одржи стапката на зголемување на дивидендата за околу 4% годишно и да откупува акции за 1 милијарда долари секој квартал до 2025-та година“, вели Луни.

„Ова покажува дека ние продолжуваме да работиме за трансформирање на вредноста на „ВР“ за нашите акционери денес, додека ја насочуваме компанијата кон иднината“, рече тој.

Приспособената нето добивка на лондонската компанија за вториот квартал изнесува 2,8 милијарди долари во споредба со загубата од 6,68 милијарди долари една година претходно. Тоа е повеќе од просечната проценка од 2,13 милијарди долари дадена од аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“.

Повисоките приноси за акционерите ја покажуваат довербата на големите нафтени компании во постојаниот пораст на цените на фосилните горива. „ВР“ ја зголеми својата перспектива за цената на Брент до 2030-та година, како одраз на ограничувањата во понудата.

По постигнувањето на целта за нето долг од 35 милијарди американски долари во првиот квартал, нето долгот на „ВР“ се намали дополнително во тој период на 32,71 милијарди долари, благодарение на продажбата на средства. Компанијата има за цел да достигне продажба на средства од 25 милијарди американски долари до 2025-та година за да го финансира развојот на својот бизнис со ниско ниво на јаглерод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП