19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТаблетот „Nokia T20“ пристигнува во две варијанти, познати се и цените

Таблетот „Nokia T20“ пристигнува во две варијанти, познати се и цените

Поминаа неколку години откако „Nokia“ го објави својот најнов таблет („N1“ на фотографијата), но „HMD Global“ планира да го врати популарниот бренд на пазарот на таблети. Се очекува наскоро да излезе таблетот „Nokia T20“.

Две верзии на таблетот „Т20“ – само Wi -Fi и 4G – се наведени на веб -страницата на британската страница „MoreComputers“. Двата модели се достапни во сина боја.

„Nokia T20“ ќе има 10,36-инчен дисплеј и скромни спецификации, кои вклучуваат 4GB RAM и 64GB простор за складирање. Не е познато на кој чипсет ќе работи таблетот, но се очекува да биде од понизок сегмент.

Моделот на Wi-Fi е со цена од околу 260 долари, додека верзијата 4G чини околу 280 долари, а уредот исто така е забележан по продавница со цени во евра, каде што чини 225 и 245 евра.

Засега нема информации кога би можел да биде претставен таблетот „Nokia T20“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП