26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДијаспората и свадбите ја движат летната сезона

Дијаспората и свадбите ја движат летната сезона

Генерално слична летна сезона како и лани кога почна пандемијата – со преполовен број на гости од надвор и нешто од домашните туристи. Вака хотелиерите ја опишуваат овогодинешната летна сезона. Како главни двигатели на сезона велат дека се гостите од дијаспората и тоа што се дозволи да се  организираат свадби  и во затворените делови. Се надеваат дека нема да има влошување на состојбата затоа што уште еден удар за нив ќе биде фатален.

-Во моментов речиси сите капцитети се полни, но тоа е поради продолжениот викенд. Мај и јуни беа слаби, границите се уште беа затворени, а сега кога се дигнаа рампите луѓето се претпазливи, се плашат уште,  зошто короната е се уште тука. Сега, крајот на јули е генерално добро, а се очекуваат гости и во август. Но не можеме да ја извадиме целата сезона потпирајќи се на тие две до три недели во овие два месеци. Странските туристи речиси се преполовени поради тоа што се редуцирани летовите од нивните матични земји, домашните се присутни , но има доста кои заминаа во странство на летување поради тоа што сега е дозволено. Речиси целата сезона ја движат гостите од дијаспората и дозволата за правење свадби и во затворени делови, вели за Денар  Крсте  Блажевски од ХОТАМ

Хотелиерите се жалат дека тешко може да најде и кадар за работа. Многу од потребните работници заминуваат на работа во странство, главно во Хрватска. Многу од хотелиерите и покрај лошата сезона ги задржале работниците затоа што тешко може да се најде таков кадар. Но велат за да се подготват за добра сезона и да почнат да работат им недостасуваат работници.

Се надеваат дека следната година веќе ќе можат да зборуват за добра туристичка сезона. Но се зависи каков бран не очекува.

-Се зависи од тоа каква ќе биде есента. Ако имаме благ бран, после декември можеме да се надеваме на повеќе семинари затоа што има интерес, па после во летниот период, односно следната летна сезона уште од мај да почнеме да работиме. Во тој случај ќе имаме добра сезона. Но се зависи од септември што ќе се случува,  додава Блажевски.

Велат дека иако се малку задоцнети, туристичките ваучери ќе им помогнат на домашните капацитети, затоа што нивната бројка се зголеми од 1.250 на околу 4.000 ваучери.

Инаку од министерството за економија не сметаат дека се доцни со ваучерите ниту со другите мерки. Од таму посочијa дека од следната недела се очекува на туристичкиот сектор да им бидат достапни  субвенциите и финансиската поддршка која за нив е зацртана преку низа мерки и инструменти. Исто така следната недела ќе бидат доделени и останатите туристички ваучери.  

Овие ваучери беа наменети за домаќинства со ниски примања и се со вкупна вредност од 12 илјади денари. Истите ќе може да се искористат до крајот на ноември месец годинава.

Туристичкиот сектор речиси цела година или не работеше или функционирше со преполовен капацитет. Штетите кои ги претпре дејноста од пандемијата се огромни и затоа  се надеваат дека наскоро ќе може да се вратата на стазите од пред пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП