20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2021 прокнижи добивка од 13,5...

Комерцијална банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2021 прокнижи добивка од 13,5 милиони евра

Во периодот од 01.01-30.06.2021 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 828,3 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 743,3 милиони денари што претставува зголемување за 11,4%.

Планираната бруто-добивка за првото полугодие од годинава е остварена со 84,1%. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 18,6% помала во однос на минатата година што главно се должи на помал износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Покрај тоа, во извештајниот период Банката забележа намалување на нето-исправката на вредност на финансиските средства, со оглед дека Банката во истиот период од минатата година изврши антиципација на влошувањето на дел од корпоративното портфолио поради состојбата со ковид-кризата.

Во текот на првото полугодие од 2021 година се забележуваат позитивни придвижувања во економијата и во портфолиото на Банката, во услови на сеуште присутни ризици поврзани со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот Kовид-19. Во вакви услови, во извештајниот период Банката оствари исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 700,5 милиони денари, наспроти 1.136,5 милиони денари во истиот период минатата година.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.418,0 милиони денари и бележат намалување од 12% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.06.2021 година изнесуваат 1.179,7 милиони
денари, при што бележат намалување од 2,2% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на намалувањето на приходите од камата од кредити
дадени на домаќинства и нефинансиски друштва поради намалени каматни стапки, како и од секторот финансиски друштва по основ на намалени каматни стапки и намалени пласмани во благајнички записи. Планот за анализираниот период е остварен со 93,1%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.06.2021 година изнесуваат 490,1 милион денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување
од 18,3% како резултат на пониска споредбена основа во истиот период минатата година, кога заради прогласувањето на пандемијата и затворањето на земјата значително намалување забележаа активностите на Банката. Планот за анализираниот период е остварен со 116%.

Нето приходите од курсни разлики на 30.06.2021 година изнесуваат 82 милиони денари и бележат зголемување од 1,6%. Планот за анализираниот период е остварен со 99,4%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.06.2021 година изнесуваат 655,6 милиони денари и бележат намалување во најголем дел како резултат на помал износ
на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 101%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.06.2021 година изнесуваат 887,2 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2,4%. Планот
е остварен со 105,2%.

Во периодот од 01.01-30.06.2021 година Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 2,1 милиони денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП