24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ претстави уште едно крос-купе за Европа (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ претстави уште едно крос-купе за Европа (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ очигледно одлучи да не остави ниту еден сегмент од пазарот без кросовер, колку и да е мал. Германскиот производител претстави нов компактен теренец наречен „Taigo“ и изгледа доста познато, бидејќи дебитираше минатата година во Јужна Америка, но под името „Nivus“.

„Volkswagen“ тврди дека ова е „првото теренско купе во сегментот на мали автомобили, и повеќе личи на „Polo“ со зголемено растојание од подлогата отколку на вистински теренец. Во срцето на „Taigo“ е платформата „MQB A0“, која се користи и за „T-Cross“, а моделот има пониска линија на покривот во стилот на вистинско купе, но со поголема должина.

Димензиите на „Taigo“ се 4.720 mm во должина и 1.757 mm во ширина, додека меѓуоскиното растојание е 2.566 mm. Новата форма на линијата на покривот влијае на волуменот на багажникот, кој изнесува 438 литри, додека кај „T-Cross“ е 455 литри.

Внатрешноста на новото крос-купе на „Volkswagen“ е идентична со онаа на ажурираното „Polo“, претставено на почетокот на оваа година. Купувачите ја добиваат најновата генерација на инфозабавен систем „MIB3“, кој има стандарден екран од 6,5 инчи, а како опција е достапен 9,2 инчен екран. Исто така, има безжична конекција со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“, како и целосно дигитална табла.

Опциите вклучуваат контролен панел за климатизација чувствителен на допир и пакетот „IQ.Drive“, кој ги интегрира сите системи за помош на возачот.

Моторите на „Volkswagen Taigo“ се само бензински, а погонот е на предните тркала. Купувачите можат да изберат помеѓу 1.0-литарски 3-цилиндричен TSI кој развива 95 и 110 ks и 1.5-литарски 4-цилиндричен TSI со 150 ks. Најслабиот мотор е комбиниран со 5-брзински мануелен менувач, додека на другите им се нуди 6-брзински мануелен или 7-степен „DSG“.

Продажбата на најмалото крос-купе ќе започне оваа година, но првите единици на моделот ќе бидат испорачани во 2022-ра година. Цените допрва ќе бидат објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП