27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија на улица марихуана слободно ќе може да се пуши од...

Во Македонија на улица марихуана слободно ќе може да се пуши од јули следната година?!

Се погласни се најавите за декриминализација на марихуаната по неколкуте состаноци на владата и невладините организации кои се за слободно и рекреативно користење на канабисот. Од Здружението „Билка“ за Денар велат дека очекуваат властите од јули идната година да дозволат граѓаните слободно да може да консумираат канабис. Во меѓувреме владата подготвува нов Закон за опојни дроги, а главна новина ќе биде формирање на Агенција за канабис. Законот е предвиден да се носи со европско знаменце што значи дека процесот на носење ќе биде забрзан бидејќи станува збор за закон кој се подготвува по регулативите на Европската унија.

Очекувањата на активистите се дека кон средината на идната година марихуаната во Македонија ќе биде декриминализирана. Ова се само неколкуте позитивни ефекти кои ќе ги донесе декриминализацијата на канабисот во земјава, а кои ги наведе Јанаки Митровски за Денар: декриминализација и дестигматизација на пациенти и консументи, намалена употреба на тешки дроги, фокус на социјална и здравствена помош наместо кривичен прогон, заштеда на залудно потрошени државни ресурси за прогон. Досега на оваа тема со властите имаат направено неколку средни и преговорите течат сосема продуктивно, велат активистите. Во однос пак на новиот предлог закон од Здружението „Билка“ велат дека од новото законско решение кое го предлага валадата во дел се задоволни, а во добар дел не. Според Јанаки Митровски позитивно е што се третира за прв пат законски индустрискиот коноп кој во претходниот закон беше непостоечки. Митровски вели дека предлогот има крајно противуставна одредба за согласност од владата за пренос на удел во фирма што директно задира во приватна сопственост како уставно заштитена категорија.

„Позитивно е и што се дозволува извоз на цвет затоа што е ступидно да може да се извезува масло, а не и цвет и добро е што е тргната рекет одредбата за банкарска гаранција. Негативно е што условите се сега и повисоки и повторно нема простор за микропретпријатија. Крајно негативно е што со овој закон истовремено не се решава личната употреба на граѓаните и евидентно е каде е владиниот интерес и заложба. Во однос на одредбата од 10% од профит истата е штетна затоа што не ја овозможува основната цел на легализацијата на медицински канабис-пристап до легални висококвалитетен канабис за граѓаните кој го нема. Наша идеја со закон да се бара од правните лица да пласираат производи на пазар како еден од условите. Во спротивно која е целта да “легализираме” медицински канабис ако цел производ оди надвор а за граѓаните нема канабис?“, вели за Денар Јанаки Митровски од здружението „Билка“.

Инаку, формирањето на Агенцијата за канабис е главната новина на измените на законот за опојни дроги. Законот е предвиден да се носи со европско знаменце што значи дека процесот на носење ќе биде забрзан бидејќи станува збор за закон кој се подготвува по регулативите на Европската унија.

Агенцијата ќе има задача да го регулира бизнисот со производство на канабис, и дополнително треба да се грижи и за поставеноста и системските решенија. Во најбрз можен рок од здружението Мак канабис апелираат да се донесат подзаконските акти кога законот ќе стапи на сила, од кога целата процедура ќе помине во Собрание. Според најавите, со подзаконските акти, ќе бидат елиминирани бирократските процедири при добивањето на согласност за извоз од страна на Агенцијата за лекови. Сепак битно е да се донесат подзаконските акти и поради други причини, кои инволвираните во оваа дејност ги оценија како недоречености и нејаснотии во самиот Закон за опојни дроги, вели за Денар Костадин Дуковски од здружението Мак канабис. Неговите информации велат дека во македонија има 60тина компании во оваа дејност кои во моментов имаат залиха од 22 тони канабис.

„Имаме недоречености во делот на дефинирањето што е тоа полупроизвод а што производ, суровина, многу работи треба да се усогласат за да може соодветно да се извезе цветот. Меѓудругото, за некој цветот е примарен а за друг секундарен производ. Така да, тие регулации треба да се средат, за да може непречено да вршиме дејност а тоа е трговија со производ кој го имаме сега во залиха“, вели за Денар Костадин Дуковски од здружението Мак канабис.

Според информациите, како обврска за фирмите од оваа дејност кои одгледуваат канабис за медицински цели ќе треба да уплатуваат средства во висина од 10 отсто од нето-добивката остварена во тековната година. Парите ќе треба да ги уплаќаат на соодветна сметка во Буџетот кои ќе бидат наменети за поддршка на фондот за ретки болести, поддршка на фондот за медиуми, на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор како и за поддршка на работата на новопредвидената Агенција.

Од опозицијата не поддржуваат ваков закон и веќе најавија дека ќе го блокираат носењето во Собранието. Според ВМРО-ДПМНЕ, власта сака да го легализира, како што велат, криминалот на Зоран Заев. Од партијата најавија дека кога законот ќе биде доставен во Собранието ќе ја блокираат работата на носење и на останатите закони за кои се дебатира.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП