26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ се поквалификувани за...

Граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ се поквалификувани за работа отколку граѓаните на Унијата

Граѓаните кои доаѓаат да работат во Европската унија од други земји често имаат повеќе квалификации отколку граѓаните на земјата за којашто дошле да работат, покажа истражувањето на Еуростат за работната сила.

Процентот на преквалификувани во ЕУ во текот на 2020 година, кога станува збор за граѓани од земји кои не се членки на ЕУ, изнесува 41,4 проценти, за странците од земјите-членки на ЕУ 32,3 проценти, додека во случај на домашен труд, процентот на преквалификувани лица е само 20,8 проценти.

Најголем број работници надвор од ЕУ со повисоки квалификации од граѓаните од земјите-членки на ЕУ минатата година имало во Грција (71,6 проценти), по што следат Италија, Шпанија и Кипар. Овие три земји имаат најголем број преквалификувани работници од земјите -членки, додека домашните работници со подобра квалификација се најзастапени во Шпанија, 34,5 проценти, потоа на Кипар, каде има 30,5 проценти, и Грција, 30,4 проценти.

Жените имале поголеми квалификации отколку мажите, покажа ова истражување за работната сила, без оглед дали се работи за домашни или странски работници. Процентот на преквалификуваност бил поголем кај постарата популација отколку кај помладата, со процент на странски државјани повисок во возрасната група 35-64 години, додека за оние на возраст од 20-34 години процентот на преквалификуваност бил поголем кај домашното население.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП