29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоради Кинезите е продолжен и „Evoque“ (ФОТО)

Поради Кинезите е продолжен и „Evoque“ (ФОТО)

Производителот на автомобили „Land Rover“ им ја понуди на клиентите во Кина верзијата „Range Rover Evoque L“ со цел да излезе во пресрет на пазарот кој едноставно посакува продолжени верзии на премиум автомобилите.

Автомобилот што ќе се продава во најнаселената земја во светот има должина од 4.531 mm, што е за 160 mm повеќе од обичната верзија.

Уште поважно, на патниците на задните седишта им е обезбеден дополнителен простор од 125 mm за нозете, бидејќи меѓуоскиното растојание на овој теренец е продолжено за толку.

„Land Rover“ се потруди да им понуди на клиентите голем број луксузни карактеристики во „Launch Edition“, кои за прв пат ќе се појават на пазарот, како што е панорамски покрив и електрично прилагодливи задни седишта чиј наклон може да се смени за 7 степени.

Кокпитот е целосно дигитализиран, како што се очекуваше. Пред возачот е 10,2-инчна дигитална табла со инструменти, а 10,2-инчен екран на мултимедијалниот систем се наоѓа на централната конзола.

Постои и трет дисплеј наменет за контрола на климатизерот.

„Range Rover Evoque L Launch Edition“ ќе се продава на кинескиот пазар по цена од 430.000 јуани, што е околу 56.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП