28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на производството на автомобили во Европа ќе ги прати работниците во...

Падот на производството на автомобили во Европа ќе ги прати работниците во земјава на принуден одмор

Опаѓа производството на автомобили во Европа. Голем дел од компаниите таму веќе предупредиле  дека кризата предвизкана под Ковидо 19 ќе  потрае подолго.  Германија првично најави дека ќе произведува 13 проценти повеќе возила во однос на лани, но според најновите прогнози ќе бидат произведени само 3 проценти повеќе. Целата оваа состојба влијае и на работата на странските компании кои функционираат во земјава.

-Во изминативе десетина дена од најголем број на светски производители на автомобили VW Grupacija, General Motors, BMW, Daimler, Volvo, Stellantis , јавно беа презентирани очекувањата дека кризата поврзана со електронските компоненти, а дирекно поврзана со тоа и самата побарувачка на возила посебно во Европа ќе потрае подолго од планираното барем до вториот квартал следната година. Истовремено и Асоцијацијата на производители на автомобили на Германија надолно ги ревидираше проекциите за раст на производство споредено со 2020 од 13 на 3 %. Сето ова има влијание и на нарачките и на обемот на работа на компаниите од овој сектор кај нас. Месец јули и првите две недели од август се чувствува намалување на порачките споредено со планот помеѓу 15 – 40 проценти зависно од клиентите и моделот на возила за кои се произведуваат компоненти во Македонија, вели за Денар Виктор Мизо, претседател на Асоцијација на странски компании со технолошки напредни производи.

Засега во компаниите кои работат тука нема да има отпуштања. Можни се  принудни одмори за да се прилагоди работата според обемот на нарачките од надвор.

-Обемот на работа мора да се адаптира според побарувачката. Од таа причина порано искористување на годишни одмори, а и потенцијално испраќање на вработените на принуден одмор, се можни опции посебно ако трендот на опаѓање продолжи и понатаму, додава Мизо.

Според Мизо сеуште е рано да се говори за тоа како ќе влијаат еветунални нови рестрикции од есен, кога се очекува и нов поголем бран на Ковид. Но вели дека загрижува  тоа што во моментов секојдневно расте бројот на новозаболени во Азија.

-Тоа дополнително може да влијае на побарувачката, но сеуште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат новите можни ограничувања. Но гледано од страна на нашите добавувачи ова веќе претставува проблем поради наглото зголемување на Ковид позитивни случаи во Југоисточна Азија каде се лоцирани голем дел од овие фабрики. Овие рестрикции ќе имаат подолгорочни последици, ако се знае дека таму фабриките се затворени  повеќе од две недели, а бројките на заболени се уште растат, вели Мизо.

Инаку годинава е регистриран и зголемен извоз од зоните. Сепак, според познавачите поголем дел се должи на поскапување на репроматеријалите, а многу помалку на зголемениот обем на производство.

Експертите, постепеното излегување од оваа криза го гледаат исклучиво во имунизацијата, во спротивно може да се случи  повторно затворање на светот и нов удар врз економиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП