28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Motorola Edge 20“ доаѓа без неговата главна карактеристика?

„Motorola Edge 20“ доаѓа без неговата главна карактеристика?

„Motorola“ наскоро би можела да објави нова серија на своите телефони „Edge 20“ – иако без една од нивните главни карактеристики.

Добро познатите „OnLeaks“ и „Pricebab“ споделија нешто за што велат дека рендерите на стандардниот „Edge 20“ се базираат на CAD-датотеки, а во нив е можно да се види дека „Motorola“ се чини дека се откажала од многу закривениот екран во корист на рамен екран од 6,7 инчи.

Однадвор, според „Engedget“, тоа би бил само уште еден телефон, иако би имал панел од 120Hz и резолуција од 1080p.

Телефонот се очекува да доаѓа со систем за тројна задна камера каде што, наводно, се наоѓаат главниот сензор од 108MP, секундарен 16MP и друг сензор од 8MP (веројатно за телефото и широк агол).

Стандардниот модел „Edge 20“ би бил уред од горниот среден опсег, напојуван од чип „Snapdragon 778G“. Би имал до 8 GB RAM меморија, максимум 256 GB простор за складирање и батерија од 4.000 mAh.

Постои можност дека варијантата „Edge 20 Pro“ ќе се појави со овој модел, за кој се шпекулира дека ќе го задржи закривениот екран и може да понуди подобрени перформанси во форма на процесор „Snapdragon 870“ на „Qualcomm“. Наводно, во изработка е подостапна варијанта „Edge 20 Lite“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП