24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа работа во странство заминуваат само оние кои имаат роднини и пријатели...

На работа во странство заминуваат само оние кои имаат роднини и пријатели таму

И покрај олабавување на мерките и отворање на границите, нема голем интерес за вработување на работна сила во земјите од ЕУ, велат од компаниите за посредување на работа во странство. Периодов најчесто надвор на печалба заминувале само оние кои имаат роднини или блиски пријатели таму кои им помагаат да дојдат до работа.

– Границите со ЕУ државите се делумно отворени и ништо не е повеќе како што беше.
Реално нема никаков голем интерес за вработување на работна сила во државите на ЕУ. Летово на работа во Германија , делумно Швајцарија , Италија и Австрија , заминаа само оние кои имаат пријатели или блиски во тие држави , кои им помагаат да најдат работа. Скоро и да немаше побарувања за вработување на работна сила од нашава држава со Македонски пасош. ЕУ Амбасадите многу го редуцираа процесот за издавање на работни визи.
Вториот проблем е во тоа што , Германија , како држава која повлекува најмногу работна сила, беше затворена за патување и вработување до 10 Јуни, вели за Денар Зоран Кочоски сопственик на компанијата Коузон.

Кочоски  објаснува дека оваа година е премногу лоша и за сезонската работна миграција. Мал интерес за работници пројавиле само од Хрватска и Германија. Во Црна Гора исто така бројот на сезонски  работници е многу мал. Причината за тоа од агенциите ја гледаат во тоа што туристичката сезона во земјата започнала многу доцна.

– Она што е ново во побарувачката на сезонска работна сила е Англија
Имено, ние имаме можност да вработиме повеќе од 500 лица за работа на земјоделски фарми во Англија. Интересот за Англија во моментов е релативно добар, но никако не е на нивото на кое  се очекуваше. За тековнава сезона бројот на вработувања во Црна Гора е многу мал. Причината е тоа што на Црногорското приморје туристичката сезона многу касно започна и немаше најава за голема исполнетост.
Слична е ситуацијата и со Хрватска каде сезонава има помалку од 1.000 македонци кои работат (во споредба со 2018-2019 тоа е намалување за скоро 3 пати), додава Кочовски.

Во однос на државите од Блискиот Исток интересот на македонците за работа таму е мал. Кочовски објаснува дека причина за тоа е што во овие земји платите се многу пониски од оние кои се нудат во европските држави. Вели дека  во летните месеци речиси и да нема вработување во земјите од Блискиот Исток затоа што во тој период се работи со лимитиран капацитет поради темепратурите кои ги има во овие делови.  Мал број барања за работа таму пристигнуваат за од септември, но главно интересот на македонските работници е да заминат на работа во ЕУ.

Со почетокот  на пандемијата и со затворањето на земјите, доста македонци беа принудени да се вратат во земјава.

Познавачите велат дека земјите кои живеат од туризам, минатата сезона речиси целосно ја загубиле. Годинава има подобрување, но се уште на доста туристички дестинации сликата не е како пред пандемијата, па поради тоа нема голема побарувачка на работа сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП