19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на недвижностите во најбогатите земји - преценети за 10% (ИНФОГРАФИК)

Цените на недвижностите во најбогатите земји – преценети за 10% (ИНФОГРАФИК)

Цените на недвижностите во најбогатите земји може да бидат преценети за околу 10% по десетгодишниот бум, кој беше еден од најсилните од 1900-та година, според податоците на „Oxford Economics“, цитирани од „Bloomberg“.

Британската компанија за истражување ги идентификуваше Холандија, Канада, Шведска, Германија и Франција како најризични пазари на недвижнини, засновајќи се на своите наоди на долгорочните трендови и односот цена/изнајмување.

Компанијата проценува дека цените во 14 напредни економии се зголемија за 43% за 10 години. Тековниот бум на пазарот е на пат да стане втор по должина и трет по големина според цените на становите во последните 120 години, а единствената конкуренција е од последниот максимум во 2006-та година непосредно пред светската финансиска криза.

Американските живеалишта во април го забележа најголемиот скок на цените во повеќе од 30 години, додека британските недвижнини во истиот месец пораснаа најмногу во скоро две децении. На двата пазари, ниските каматни стапки, силната побарувачка за поголеми имоти во предградијата и недостигот на понуда се главните двигатели на „бумот“.

И покрај послабиот раст во последните два месеци, просечните цени на недвижностите во Велика Британија се очекува да скокнат за 21% во следните четири години, предвиде агенцијата за недвижнини „Savills“.

Високиот рејтинг и континуираната инфлација на цените ја зголемуваат веројатноста за „голем пресврт на цените“ во иднина, иако побавниот раст на заемите со хипотека во споредба со растот пред финансиската криза сугерира на многу помали ризици од пад на пазарот, вели Адам Слејтер, економист од „Oxford Economics“.

„Клучно прашање за следните години ќе биде како се однесуваат реалните каматни стапки наспроти спротивставените влијанија како што се демографијата, презаситеноста на заштедите и можноста за поголема инфлација“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП