„Volkswagen“ претстави екстремна верзија на својот „SUV“ модел за американскиот пазар.
„VW Atlas Cross Sport“ дебитираше во 2019-та година како поспортска верзија на овој теренец резервирана за клиенти во Америка.

Две години подоцна беше претставена верзијата „GT“ со моќен бензински мотор со 4 цилиндри.

Станува збор за 2.0-литарски „TSI“ со 304 ks (224 kW). Да потсетиме, досега најмоќниот „Atlas Cross Sport“ имаше 3,6-литарски „VR6“ со 280 ks (206 kW).

Моторот е споен со 7-степен менувач „DSG“ со двојна спојка, а моќноста се испраќа до сите четири тркала преку системот „4Motion“.

Од „Volkswagen“ не дадоа повеќе детали, а се очекува дека германскиот производител ќе им го понуди овој автомобил на клиентите во САД.