26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШефот на „Audi“ потврди дека се укинува најмалиот модел

Шефот на „Audi“ потврди дека се укинува најмалиот модел

Извршниот директор на Audi, Маркус Дуизман, официјално потврди дека неговата компанија се откажува од својот најмал модел „А1“. Гласините за таквата одлука кружеа веќе некое време, но сега шефот на производителот од Инголштад ги откри причините за тоа.

Интересно, Дуизман не прецизираше конкретни рокови за запирање на „А1“, наведувајќи дека тоа ќе се случи „за неколку години“. Хечбекот последен пат беше ажуриран во 2018-та година и не се планираат повеќе надградби. А, причината е што ажурирањето на моторите на хечбекот за исполнување на новите еколошки стандарди е многу скапо и ќе ја зголеми неговата цена.

Статистиката скокна, а во 2016-та година од „А1“ во Европа биле продадени 96.576 единици, но во 2019-та година резултатот бил 77.868 единици. За време на „пандемијата“ 2020-та година, продажбата падна на 58.224 единици.

Дуизман исто така потврди дека „Audi“ се откажува од развојот на нови хибридни единици, бидејќи тие претставуваат „мост помеѓу сегашната технологија и идната електрична мобилност“. Компанијата не ја гледа поентата на нив, бидејќи тие сакаат да се фокусираат целосно на развојот и продажбата на електрични модели.

Шефот на „Audi“ додаде дека очекува во 2030-та година само 20% од продажбата на брендот во Европа да падне на моделите со мотори со внатрешно согорување. Резултатот во САД и Кина ќе биде поголем, но со колку точно, Дуизман не се обврза да предвиди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП