29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗбогум „Galaxy Note“? Новите флексибилни телефони на „Samsung“ пристигнуваат на 11-ти август

Збогум „Galaxy Note“? Новите флексибилни телефони на „Samsung“ пристигнуваат на 11-ти август

„Samsung“ испрати покани за „Galaxy Unpacked“ настанот што ќе се одржи на 11-ти август, и како и повеќето настани оваа година, истиот ќе биде на Интернет.

Претходните години, „Samsung“ традиционално во август воведуваше нови уреди од серијата „Note“. Овој пат, сепак, извештаите покажуваат дека нема да има нов модел од оваа серија, а тоа стана поочигледно кога моделите на „Galaxy S21“ добија поддршка за „Pen“ во оваа година.

„Pen“ е заштитен знак на линијата „Note“ од своето основање и ја разликуваше таа серија од нејзините браќа и сестри со ознаката „S“.

Сега, најверојатно, ќе видиме нови преклопни телефони како што се „Z Flip“ и „Z Fold 2“. „Samsung“ ги претстави концептите со пофлексибилни екрани во мај, и иако може да помине некое време пред да ги видиме тие концепти во вистински производи, компанијата очигледно продолжува да работи на таа технологија.

„Samsung“ исто така потврди дека ќе лансира нов „Galaxy Watch“ на овој „Unpacked“, а уредот ќе ја користи верзијата на „Wear OS“ која е развиена во партнерство со „Google“. Исто така, постои можност „Samsung“ да претстави нови слушалки, бидејќи веќе некое време на социјалните мрежи се појавуваат гласини за „Galaxy Buds 2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП