„Realme“ официјално ја претстави својата телефонска серија „GT Master Edition“. Ова се верзии на уредите на компанијата со врвен дизајн, за кој е задолжен индустрискиот дизајнер од Јапонија – Наото Фукасава. Воведени се моделите „Realme GT Master Edition“ и „GT Master Exploration Edition“.
Дизајнот на задниот дел од телефонот вклучува модели со ребрести линии, заедно со мека кожа. Постојат и повеќе традиционални верзии од матирано стакло.
„Realme GT Master Exploration Edition“ доаѓа со заоблен 6,55-инчен „Super AMOLED“ панел, со брзина на освежување од 120Hz и резолуција FHD +. „Standard Master Edition“ користи рамен супер „AMOLED“ панел од 6,43 инчи и има брзина на освежување од 120Hz. Двата телефони се со „punch-hole“ селфи камера од 32MP и сензор за отпечатоци под дисплејот.

На задниот дел на двата уреди има малку поинакви системи на камери. „Exploration Edition“ има 50MP главен сензор „Sony IMX766“ со поддршка за OIS, а има и 16 МР ултра-широка и 2MP макро камера. Стандардниот модел користи 64MP главна камера, заедно со 8MP ултра-широка и 2MP макро.
Кога станува збор за чипсетот, „Exploration Edition“ се потпира на Snapdragon 870, додека стандардниот „GT Master Edition“ го користи Snapdragon 778G. 8 GB и 12 GB RAM меморија се достапни, како и 128 GB и 256 GB меморија за складирање.
Батеријата од 4.500mAh го напојува „Exploration Edition3, додека стандардниот модел користи батерија од 4.300mAh. И во двата случаи, поддржано е брзо полнење од 65W преку адаптерот „SuperDart“.

„Realme GT Master Edition“ доаѓа во сива, бела и градиент варијанта, со почетна цена од околу 370 долари за 8/128 GB, додека варијантата 8/256 GB чини околу 400 долари.
„Realme GT Master Exploration Edition“ пристигнува во сива и кајсија боја, по цена од околу 432 долари за моделот 8/128 GB и околу 478 долари за верзијата 12/256 GB. Цените се за кинескиот пазар, каде телефоните прво ќе бидат пуштени во продажба од 30-ти јули.