23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСорос влегува со Бил Гејтс во „корона“ бизнисот

Сорос влегува со Бил Гејтс во „корона“ бизнисот

Конзорциум на инвеститори, предводен од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос (SEDF) и Фондот Бил и Мелинда Гејтс, финансира купување на британската компанија Mologic Laboratory за дијагностички технологии, која разви брз десетминутен тест за коронавирус, објави Фајненшл Тајмс.

За спроведување на аквизицијата, конзорциумот го основа социјалното претпријатие Global Access Health (GAH), чија цел е да се прошири пристапот до достапната медицинска технологија.

Членовите на GAH, наводно, се подготвени да вложат повеќе од 41 милијарда долари за финансирање на аквизицијата.

Трансакцијата ќе вклучува купување на сите постојни акции на „Mologic“, вклучително и акции на две приватни компании за управување со инвестиции – „Forsyte Group“ и „Calculus Capital“.

„Пандемијата Ковид-19 болно ги демонстрираше основните нееднаквости во глобалното јавно здравје, а особено клучната важност за пристап до дијагностички алатки за спасување живот“, рече Шон Хинтон, извршен директор на SEDF.

Mologic е основана во 2003 година од Марк Дејвис и неговиот татко, професорот Пол Дејвис, еден од креаторите на првиот тест за бременост во домот, ClearBlue.

Компанијата развива тестови за разни болести по пристапни цени, а неодамна ја доби и ознаката CE за своите тестови за коронавирусот, кои компанијата планира да ги продава по цена од само еден долар за парче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП