29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru ќе прави поевтини возила?

Subaru ќе прави поевтини возила?

subaru

„Subaru“ е познат како автомобилска марка со специфични технолошки решенија која привлекува одредена врста на купувачи и чии модели неспаѓаат меѓу најевтините на пазарот. Сепак најновите информации говорат дека јапонскиот производител во иднина би можел да започне со изработка на возила кои ќе бидат со пониска цена.

Овој производител во изминатиот период забележа раст во продажбата и во профитот, а притоа ги натера раководните лица да ја разгледаат можноста дали да го зголемат производството и продажбата.

Јасујуки Јошинаги, претседателот на компанијата „Fuji Heavy Industries“ која е сопственик на „Subaru“, вели дека во моментов се води дебата за тоа по кој пат би требало да се движи „Subaru“ во иднина. Според неговите информации некои луѓе од раководството сметаат дека на купувачите треба да им се понудат модели за поголемиот пазар и со пониски цени.

Сепак, Јошинаги се прашува дали тоа навистина би бил добар правец во развојот на марката „Subaru“ во иднина. Тој несакаше да навлегува во детали, но потврди дека веќе во текот на август компанијата ќе започне со работа на долгорочен план за развој и производство.

Каква и да донесат одлука челниците на „Subaru“, Јошинаги смета дека таа не би требало да се основа исклучиво за зголемување на производството и продажбата.

„Лично сметам дека „Subaru“ треба да продолжи со производството на специфични автомобили по кои сме познати во светот, па дури ако се тие и малку поскапи од конкуренцијата“, заклучи Јошинаги.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП