19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТехнолошкиот гигант ги части своите вработени по 1500 долари

Технолошкиот гигант ги части своите вработени по 1500 долари

Претставници на компанијата „Microsoft“ одлучија да им дадат бонус на вработените ширум светот како награда за преживување на пандемиската година.

Бонусите од 1.500 долари треба да ја признаат „единствената и предизвикувачка фискална година која Microsoft штотуку ја заврши“, се вели во внатрешниот меморандум од „Microsoft“.

Технолошкиот гигант има повеќе од 150.000 вработени, а работниците под нивото на потпретседател на корпорацијата имаат право на бонус.

Вработените во филијалите на Microsoft, LinkedIn, GitHub и ZeniMax, се изземени од ова. Се на се, „Microsoft“ ќе исплати околу 200 милиони долари на околу 130.000 вработени.

Многу компании имаа сличен пристап за време на пандемијата на коронавирус.

Корпорацијата Walmart им исплати на своите работници во декември дополнителни 388 милиони долари како признание за нивната „постојана посветеност кон клиентите за време на пандемијата“.

Amazon им додели мали бонуси на своите хонорарни работници и работници со скратено работно време за време на пандемијата.

Facebook во март 2020 година соопшти дека ќе даде по 1.000 долари за секој од своите 45.000 вработени.

И многу технолошки компании им обезбедија опрема за работа од дома на своите вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП