Инвестициските банкари на „JPMorgan Chase & Co.“ го забележаа досега најдобриот квартал, со профит и приход кои ги надминаа очекувањата, објави „Bloomberg“.
Надоместоците за консултации за спојувања и преземања на акции и обврзници се зголемија за 25% во вториот квартал, со што се зголеми нето-добивката на 11,9 милијарди долари. Приходите достигнаа 31,4 милијарди долари, надминувајќи ја прогнозата од 29,9 милијарди долари. Акциите на компанијата паднаа за 1,2% во услови на пораст од 24% од почетокот на годинава.
Извештајот за првпат ја претставува состојбата на банкарската индустрија по економското отворање во САД, овозможена со масовната вакцинација во последните месеци.
Адам Крисафули, аналитичар во „Vital Knowledge“, ги нарече резултатите „мало разочарување“ бидејќи профитот се потпира на инвестициско банкарство и кредит, трендови за кои тој рече дека не се одржливи.
Растот на кредитите се покажа како недостижен, а потрошувачите и деловните субјекти сè уште се оптеретени со стимулации и не бараат финансирање. Вкупниот износ на заеми доделени од „JPMorgan“ остана речиси непроменет во споредба со една година порано, па дури и се намали кај потрошувачкото и комерцијалното кредитирање.
Извори од банкарската индустрија укажуваат на слаба побарувачка за заеми обично како лош знак за банките.
Банката објави 3 милијарди долари кредитни резерви што претходно ги издвои за лоши заеми, скоро двојно повеќе отколку што предвидуваа аналитичарите. Банката објави резерва од 5,2 милијарди долари во првиот квартал.
Приходите од инвестициско банкарство достигнаа 3,57 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за 3,1 милијарди долари. Консултантските такси за спојувања и превземања се зголемија за 52% на 916 милиони долари.
Приходот од тргување на банката беше 6,8 милијарди долари во кварталот, што е за 30% повеќе од претходната година, но над очекувањата на аналитичарите од 6,4 милијарди долари.