20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Virgin Galactic“ ќе продава акции за 500 милиони долари

„Virgin Galactic“ ќе продава акции за 500 милиони долари

„Virgin Galactic“ соопшти дека може да продаде акции во вредност од 500 милиони долари. Веста беше објавена еден ден откако компанијата го заврши првиот тест лет за превоз на патници до вселената, во кој беше и основачот на компанијата Ричард Бренсон.

Цената на акциите на „Virgin Galactic“ порасна за околу 8% пред почетокот на денот на тргувањето, но за време на раното тргување беше во пад од 10% откако беа јасни плановите на компанијата да продава акции.

Патувањето на Бренсон претходеше на патувањето на „Blue Origin“ и нејзиниот основач Џеф Безос во рамките на т.н. „Вселенска трка на милијардери“.

Безос, кој е основач на онлајн гигантот за трговија „Amazon.com“, планира да учествува во сличен лет на 20-ти јули со неговиот брат Марк.

Швајцарската инвестициска банка „UBS“ проценува дека потенцијалната вредност што може да ја достигне пазарот на вселенскиот туризам до 2030-та година е 3 милијарди долари.

Основана во 2004-та година, „Virgin Galactic“ се очекува да започне со трговски активности веќе следната година. Таа во наредните месеци има испланирано уште најмалку два тест лета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП