29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ4 намирници со кои побрзо ќе дојдете до рамен стомак

4 намирници со кои побрзо ќе дојдете до рамен стомак

Дали ви се чини дека и покрај редуцираната исхрана наслагите на стомакот не се намалуваат? Тоа пред се зависи од видот на калориите кои ги внесувате во организмот. Тајната на слабеењето лежи во метаболизмот, начинот на живот, а можеби најмногу во исхраната.

Риба

Оваа намирница е богата со омега 3 масни киселини и протеини. Лицата кои не внесуваат доволно омега 3 масти лошо спијат и не се хранат правилно, што се одразува негативно на нивното здравје и телесната тежина.

Ореви

Овие вкусни плодови се богати со магнезиум, но и омега 3 масни киселини. Делуваат превентивно на кардиоваскуларните заболувања, ракот и дијабетесот.

Млеко

Овој напиток изобилува со калциум. Истражувањето спроведено во 2010 година покажа дека жените во менопауза кои консумираат храна богата со калциум лесно го губат вишокот килограми. Покрај тоа, млекото го поправа квалитетот на сонот и позитивно влијае на здравјето.

Вишни

Кога сте во можност уживајте во киселкастиот вкус на вишните. Особено е корисно ова вкусно овшје да го јадете пред спиење бидејќи е богато со мелатонин, но и со антиоксиданти кои помагаат во слабеењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП