29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАОдговор на прашањата кои ги интересира сите: Колку е ефикасна секоја вакцина...

Одговор на прашањата кои ги интересира сите: Колку е ефикасна секоја вакцина против делта сојот

Бидејќи расте глобалната загриженост за многу заразниот делта сој на коронавирус, едно од најчестите прашања е дали и во која мера постојните вакцини се ефикасни против него.

Што се однесува до официјалните научни податоци и студии за ефикасноста на вакцините против делта, тие во моментов се ограничени, но дури и малата количина на достапни податоци може да обезбеди драгоцени информации, пишува Блиц.рс.

Во клиничките испитувања, вакцината на Модерна објави 94,1 процентна ефикасност во спречување на ковид-19 кај луѓе кои ги примиле двете дози. Се вели дека вакцината Фајзер е ефикасна 95%.

Вакцината Џонсон и Џонсон нуди силна заштита од она што е најважно – сериозни болести, хоспитализација и смрт. Една доза беше ефикасна 85 проценти против најтешката форма на ковид.

Воспоставената ефикасност на Астразенека во спречување на симптоматска болест кај алфа сојот е 74 проценти, додека неодамнешното истражување спроведено на Обединетите Арапски Емирати покажа дека руската вакцина Спутник В е ефикасна 97,8 проценти по две дози.

На испитувањата во Бразил, кинеската вакцина Синовак беше околу 50% ефикасна против симптоматскиот ковид и 100% ефикасна против развој на сериозно заболување. Ефикасноста на Синфарм и во двата случаи беше проценета на 79 проценти.

Колку се ефикасни вакцините против делта сојот?

Иако студиите покажаа дека достапните вакцини делуваат против новите соеви, вклучително и делта, сите вакцини со две компоненти нудат значително поголема заштита по втората доза.

Истражувачите во Англија проучувале колку се ефикасни вакцините Фајзер и АстраЗенека против делта сојот, во споредба со алфа варијантата која беше откриена за прв пат во Велика Британија. Вакцините ги заштитувале оние кои ги примале обете дози, но биле помалку ефикасни кај оние кои примиле единечна доза. Една неодамнешна студија покажа дека вакцината Фајзер е ефективна 84 проценти по две дози, но само 34 проценти по првата.

Сепак, податоците кои пристигнаа од Израел оваа недела се нешто полоши. Според новите информации од министерството, ефикасноста на вакцината Фајзер значително се намали во последните неколку недели, бидејќи се прошири поагресивната варијанта на делта, а од 6 јуни, ефикасноста на вакцинацијата при спречување на инфекцијата се намали на 64 проценти од 95,3 кога алфа сојот беше доминантен.

Новите податоци од јавната здравствена служба на Англија (PHE) покажаа дека вакцината Астразенека била 64% успешна против делта варијантата, но дека ефикасноста се зголемила на 86% кога станува збор за спречување на хоспитализација и смрт.

Модерна неодамна ги објави резултатите од новата студија која покажа дека нејзината вакцина покажала ветувачка заштита во лабораториски услови против делта сојот и другите кои моментално циркулираат.

Во моментов, објавени се малку податоци кои покажуваат колку е ефикасна вакцината Џонсон и Џонсон во заштитата од делта варијантата, иако се верува дека единствената вакцина нуди одредена заштита. Некои експерти проценуваат на 60 проценти.

Податоците за Спутник В се оскудни, иако производителите на оваа вакцина ги уверуваат граѓаните дека е исто така ефикасна против делта сојот. Рускиот инвестициски фонд во средината на јуни соопшти дека Спутник В е поефикасен против делта отколку „другите вакцини“ за кои се објавени испитувања.

Истражувачите откриле дека кинеските вакцини се донекаде ефикасни во намалување на ризикот од симптоматски и сериозни случаи предизвикани од делта, рече Жонг Наншан, епидемиолог кој помогна во обликувањето на анти-пандемиската стратегија во Кина, иако објасни дека резултатите се прелиминарни, а големината на примерокот е мала

Портпаролот на Синовак, Ли Пиченг изјави дека прелиминарните резултати врз основа на примероци од крв од вакцинирани лица покажале три пати помалку неутрализирачки ефект врз делта сојот. Тој рече, пренесува Ројтерс, дека третата доза би можела да предизвика посилна и подолготрајна реакција.

Фенг Зиџијан, истражувач и поранешен заменик-директор на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, минатата недела рече дека антителата произведени од кинеските вакцини се помалку ефикасни против делта варијантата во споредба со другите видови, но сепак нудат заштита.

.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП