Летото започна, а високите температури ќе се задржат и во наредните неколку месеци, што значи дека е вистинско време за да се осигурате дека во вашиот дом ќе имате здраво освежување во секое време. И токму во вистински момент, онлајн продавницата MagStore месецов започна нова продажна акција – за секој купен пакет Ладна од 1,5l, купувачот ќе добие подарок сложувалка илустрирана со детски цртеж.
Дизајнот на сложувалката е инспириран од традиционалниот детски ликовен конкурс на Ладна. Се работи за четири различни сложувалки илустрирани од двата најдобро оценети цртежи во двете категори на минатогодишниот детски ликовен конкурс.

