20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.06/2021 за долгови доспеани до 28.02.2021 и неплатени до 31.05.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.06/2021 објавени се 1.697 должници – правни лица (повеќе за 12 од претходната листа) и 2.858 физички лица (помалку за 20 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2021 изнесува 8.152.059.673 денари, помалку за 519.108.895 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.019.448.830 денари (помалку за 434.444.456 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 132.610.843 денари (помалку за 84.664.439 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП