25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМајкрософт издаде предупредување: „Ажурирајте го вашиот компјутер сега“

Мајкрософт издаде предупредување: „Ажурирајте го вашиот компјутер сега“

Мајкрософт ги повика корисниците веднаш да го ажурираат Windows, откако беше откриена грешка во тој оперативен систем, пишува CNN.

Проблемот настана откако истражувачите од компанијата за сајбер безбедност “Сангфор” ненамерно објавија детални упатства како se искористuva PrintNightmare грешката во рамките на услугата Windows Print Spooler. Патем, услугата Windows Print Spooler, им овозможува на повеќе корисници пристап до истиот печатач.

Експертите на крајот на мај објавија дека ја пронашле грешката и пријавиле во „Мајкрософт“. Иако тие веднаш ги отстранија упатствата како да ја искористат грешката, тие беа објавени и на други страници, вклучително и на GitHub.

Мајкрософт одговори со изјава во која се наведува дека хакерите, користејќи ја грешката, можат да ја преземат контролата над компјутерот, да избришат и инсталираат датотеки и да додадат нови кориснички сметки со целосни кориснички права, што ќе им даде голема контрола врз компјутерот и може да предизвика сериозна штета.

Мајкрософт ги повика сите корисници на Windows 7 и 10 да ги ажурираат своите компјутери веднаш преку услугата Windows Update за решавање на потенцијален сериозен проблем. „Наскоро се очекуваат ажурирања за Windows Server 2016, Windows 10 верзија 1607 и Windows Server 2012“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП