29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМувите носат болести, бркајте ги!

Мувите носат болести, бркајте ги!

Голем број на инсекти се будат во текот на летните горештини, па убодите и гризнувањата од нив се многу честа појава, без разлика дали станува збор за мравки, пчели, оси, бумбари, стршлени, муви, пајаци или комарци.

Во лето речиси да не постои просторија во која нема муви, а доколку се одлучите да јадете на отворено, некоја мува сигурно ќе ви прави друштво. Се на се, мувите се мошне непријатни гости. Меѓутоа, освен тоа што се здодевни, мувите можат да бидат и многу опасни.

Мувите може да предизвикаат многу проблеми, особено кога е во прашање контамирањето на вашата храна. Иако обичната домашна мува не ги каснува луѓето, со контамирањето на храната може да пренесе болести како што салмонелоза, маларија и туберкулоза. Овошните мушички се помали но може да положат околу 500 јајца на површината на вашата храна. Сепак, ретки се случаите луѓето на тој начин да се заразат – велат инфектолозите и додаваат дека нема никаква причина за паника. За да ги избегнете мувите, потребно е отпадокот во домот да го држите затворен бидејќи мувите ги сакаат отпадоците, особено остатоците од храна. Фрлете го овошјето и зеленчукот пред да се расипе и немојте да го држите на масата во кујната, туку во фрижидерот.

Еве и неколку многу практични и ефикасни начини да се ослободите од овие здодевни „летни цимери“…

1. Земете проѕирна кеса, малку вода, неколку монети и јаже за врзување. Кесата до половина наполнете ја со вода, ставете ги внатре металните парички и заврзете ја па потоа обесете ја пред влезната врата или пред вратата или прозорците од терасата.

2. Во обична тегла сипете до висина од три сантиметри детергнет за садови и исто толку вода. Детергентот ќе ги привлече мувите, кои потоа ќе се удават во водата. Многу подобри резултатите ќе имате ако користите некој детергнет за садови кој има овошен мирис, на пример, од јаболко или лимон.

3. Мувите бегаат и од мирисот на лутата црвена пиперка. Земете спреј шише и во него промешајте вода и малку лута црвена пиперка. Со ова природно средство испрскајте ја вратата и праговите, прозорците и другите отвори низ кои можат да влезат. Мирисот на лутата пиперка би требало да ги држи мувите на далечина.

4. Садете билки кои на мувите им се одбивни, мувите не поднесуваат лаванда, босилек и нане. Посадете ги овие билки во бавчата под прозорецот (ако живеете во куќа) или во саксии кои ќе ги поставите на прозорецот. Ако не сакате да садите зачински билки, туку некое украсно цвеќе, најдобро е да посадите невен, бидејќи и тој ги одбива мувите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП