5 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАВакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна против делта-сојот на коронавирусот

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна против делта-сојот на коронавирусот

Министерството за здравство на Израел објави дека ефикасноста на вакцината на „Фајзер“ е помала против делта-сојот на коронавирусот и дека спречува само 64 проценти од заразата, а заштитата од тешки форми на Ковид-19 останува висока.

Според податоците на Министерството, ефикасноста на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ значително се намали во последните неколку недели бидејќи се прошири поагресивниот делта-вид.

Според Министерството, ова е случај и со превенција на симптоматски болести, но вакцината сепак многу ефикасно штити од сериозен тек на болеста и од хоспитализација, и тоа дури со 93 проценти.

Во февруари израелското Министерство за здравство објави дека вакцината на „Фајзер“ спречува Ковид-19 со ефикасност од 95,8 проценти, симптоматска болест во 98 проценти од случаите, а ефикасноста во однос на спречување хоспитализации и смртни случаи е 99 проценти.

Поради високата стапка на вакцинација, Израел има добри резултати во борбата против коронавирусот и иако е регистриран зголемен број новозаразени во последните две недели како резултат на силно заразниот делта-сој, не е пријавена смрт во тој период.

Прелиминарните откритија од друга шкотска студија, објавена во списанието „Лансет“ минатиот месец, покажаа дека вакцината на „Фајзер“ обезбедува 79-процентна заштита од делта-сојот во споредба со 92 процента на оние предизвикани од алфа-сојот.

Истата студија, која ги анализирала податоците за 5,4 милиони луѓе во Шкотска, открила дека вакцината на „Астра зенека“ обезбедува 60 проценти заштита од зараза со делта-видот во споредба со 73 проценти за претходниот доминантен алфа-сој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП